Мотивационо писмо е есеј кој е суштински дел на документацијата при аплицирање за вработување како и при аплицирање за стипендии, пракса, волонтирање, студенска размена во странство и сл.
Потребно е вашето мотивационо писмо да одговори на следниве прашања:
- Зошто сакаш да се биде дел од програмата за која аплицирате?
- Зошто мислиш дека вие сте вистинската личност за програмата?
- На кој начин програмата се вклопува во со целите што сакате да ги постигнете?
- Што е тоа што можете да го понуди?
- Кои се вашите причини за успех во оваа програма?
При пишувањето на МОТИВАЦИОНОТО ПИСМО треба да се придржуваме кон следните правила:
- Должината на писмото не смее да биде премногу долго (по можност - 1 страница А4 формат).
- Сé мора да биде напишано на разбирлив и логичен начин. Обидете се да ги разделите воведот, средниот дел и заклучокот.
- Треба да биде лично, да се покаже кој сте, што можете да направите и она што го сакате.
- Споменете ги само искуствата кои Ви се потребни при аплицирањето, немојте да ги наведувате сите Ваши искуства.
- Обидете се да ги поврзете целите на институцијата во која аплицирате со вашите цели.
- Кој ќе биде вашиот придонес за програмата за која аплицирате.
- Во насловот секогаш се вклучува вашето полно име и телефонски број, адреса, e mail адреса и датум.
- Наведете го името на институцијата на која што се испраќа писмото. Ако го знаете името на лицето кое ќе ги чита апликациите, напишете го и неговото/нејзиното име.
- Обидете се да го најде вистинскиот баланс - да не се фалите премногу и да не бидете премногу скромни.
- Пишувајте само точни информации.
Не заборавајте:
- Пред да почнете да го пишувате Вашето мотивационо писмо добро информирајте се за компанијата. Каде е лоцирана; кои се главни производи/услуги; кои се други производи/услуги; годишен обрт; предвиден раст; главни конкуренти; и сл.
- Одвојте доволно време за пишување на писмото.
- Вашето мотивационо писмо може да биде една од неколку илјади, па бидете креативни и бидете сигурни дека ќе привлече внимание.
- Треба да се издвоите од вашите конкуренти.
-Точноста, стилот и уреденоста се од големо значење. Проверете го правописно.
- Покажете им дека сте достојно и одговорно лице, подготвени да соработува, дополнително да се едуцира и доусовршува.
Со среќа!